Утрински Весник
Свет

Шолц: ЕУ треба да го одржи ветувањето за Западен Балкан

Шолц: Благодарение на мерките, имаме добри шанси да ја пребродиме зимата

Германскиот канцелар Олаф Шолц порача дека ЕУ треба да го исполни ветувањето дадено на Западен Балкан за прием на сите земји во европското семејство.

dobivaj vesti na viber

Шолц рече дека во овој случај станува збор за кредибилитет, како и за обезбедување мир во Европа.

„Геополитичка Европа мора да ги исполни своите ветувања кон соседите. Искрената политика на проширување се држи до даденото ветување. Ова се однесува на земјите од Западен Балкан, на кои ова им го кажуваме веќе 20 години“, рече германскиот канцелар во Европскиот парламент за време на говорот за иднината на Европа, пренесе „РСЕ“.

Во таа насока, Шолц ја спомена неопходноста од напредок во земјите од регионот и ја подвлече важноста од нормализирање на односите меѓу Србија и Косово како и внатрешни реформи во сите земји.

„Овие чекори напред мора да бидат ценети и почитувани од наша страна, бидејќи во спротивно политиката на проширување ја губи својата способност, ја губи способноста да биде поттик како и привлечноста“, рече германскиот канцелар за време на својот говор во ЕП.

Можете да прочитате

И покрај протестите, Трамп бара најмасовна депортација во историјата

Израелски министер: Израел нема намера да им наштети на жителите на Техеран

Се враќа трката во вооружување, нуклеарниот арсенал ќе расте