
Почитувани граѓани на Македонија,
Вака започнува секое соопштение, секоја лажна вест од уредничката кујна на лаги на ВМРО-ОКГ.
Ништо повеќе не е шокантно, и тоа за никого што веќе 20 години живее во Македонија.
Нема одговор за дрогата, има текстови со измислени глупости чија цел е дефокус од суштинските прашања.
Има лажни вести, црни кампањи, јавен линч.
Има 40% медиуми во директна сопственост на ВМРО преку Орбан.
Има многу платеници, неколку соработници со „БИА” кои се претставуваат како македонски новинари.
Сето ова веќе никому не му е шокантно. Сите веќе видоа и разбраа.
Шокантно е тоа што ВМРО-ОКГ прво го користеше докторот (д-р Жан), претставник на болница во која се лекуваат болни граѓани, за измислена афера, а сега и 16-те загинати во модуларната болница ги користи за своја црна кампања и дефокус од криминалот со дрогата од 5 тони.
Шокантно, колку немаат срам да си поигруваат со чувствата на семејствата на настраданите. Е тоа е шокантно.
Шокантно беше некогаш што Мицкоски има часовници од 65.000 евра, а не сака да ги зголеми платите на работниците.
Шокантно беше што има цел албум со фотографии со Симо – криминалец, голем почитувач на Шешељ и русофил. Шокантно беше што нема пари за земјоделците, а има пари за авион за туристички патувања на Мицкоски, како во Давос.
Шокантно беше и кога дознавме дека ЗНАМ е проект на ВМРО, па потоа дека Максим не живее од плата, туку од тендери, што го потврди скандалот со тендерот од 1,2 милиони преку Пошта.
Шокантно беше што ВМРО има врски со дрога.
Сето тоа некогаш беше шокантно.
Повеќе не е.
Сега тоа е секојдневие.
Центар за комуникации, СДСМ

