Утрински Весник
Спорт

Шок во Неапол – Спалети најави заминување

Шок во Неапол – Спалети најави заминување

Лучано Спалети ќе го напушти Наполи по завршувањето на сезоната. Наполи со Спалети оваа сеозна ја врати титулата во Неапол по 33 години. Поради нарушените односи со газдата Аурелио Де Лаурентис, тренерот решил да замине од клубот.

dobivaj vesti na viber

Спалети има уште една година од договорот со Наполи. Де Лаурентис не му честиташе за титулата, ниту еднаш го спомна во плановите за шампионската прослава.

„Работата е решена, не се премислуваш секој ден. Оваа ситуација се „готви“ веќе извесно време. Кога работиш секој ден од утро до мрак, некои работи стално треба да го приредуваш овој спектакл. Ако си убеден дека не можеш да им го пружиш она што луѓето го заслужуваат, тогаш е време да размислиш. Кога на тој начин размислуваш, тогаш се придржуваш до заклучокот што си го донел. Тоа не е нешто што едноставно паѓа од небото“, рече Спалети по победата од 3-1 над Интер во неделата вечерта.

Џанлука ди Марцио пренесува дека Наполи веќе размислува за нов тренер. Де Лаурентис размислува за Винченцо Италијано од Фиорентина и Тиаго Мота од Болоња, а првиот човек на Наполи е голем фан на Џан Пјеро Гасперини од Аталанта.

Газдата на Наполи бара совет од Шпанецот Рафаел Бенитез на кого секогаш му се обраќа кога е во неволја.

Спалети е во Наполи од јули 2021 година и има забележано 60 победи во 93 натпревари.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина