Утрински Весник
Свет

Шојгу: Досега повеќе од 200.000 луѓе се мобилизирани во руските вооружени сили

Шојгу: Досега повеќе од 200.000 луѓе се мобилизирани во руските вооружени сили

Досега повеќе од 200.000 лица повикани како дел од делумната мобилизација им се приклучија на вооружените сили на Руската Федерација, изјави денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

dobivaj vesti na viber

Тој изјави дека обуката на мобилизираните се изведува на 80 полигони и во шест центри за обука, пренесува „РИА новости“.

Во Русија на 21 септември беше најавена делумна мобилизација и беше најавено дека ќе бидат мобилизирани 300.000 резервисти, што е нешто повеќе од еден процент од вкупните мобилизациски ресурси на земјата, наведува агенцијата.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро