Утрински Весник
Спорт

Шкупи загуби и во Софија, Левски патува во следната рунда од КЛ

Шкупи загуби и во Софија, Левски патува во следната рунда од КЛ

Македонскиот претставник Шкупи е елиминиран од Левски во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Поразот на Шкупи на домашен терен во Скопје (0:2) веројатно беше пресуден за елиминацијата, иако Левски на крајот победи и во Софија со 1:0, со голот на Марин Петков длабоко во судиското продолжение од мечот.

dobivaj vesti na viber

Во тензична атмосфера, со навредливи транспаренти и скандирања во текот на мечот, Левски ја задржа предноста што ја создаде на првиот натпревар во Скопје, па и триумфиираше по вторпат.

Во финишот, Шкупи имаше шанси за победа преку Реналдо Цефас, но голманот на Левски, Пламен Андреев двапати одлично одбрани. На спротивната страна, Марин Петков успеа да погоди за триумф во 101.минута од мечот, во долгото продолжение.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина