Утрински Весник
Македонија

Шкријељ: Треба да се зајакнат превентивните програми и постапувањата на стручните служби во училиштата

Shkri e 1.jpg

Зборувајќи за врсничкото насилство пратеничката Санела Шкријељ во интервју за Слободен печат посочи дека новите времиња ги тераат младите се повеќе време да минуваат на социјалните мрежи и дека во овој момент недостига механизам на контрола и насока за тоа што младите всушност гледаат на нивните телефони.

„Имаше едно истржување кое покажа дека 98% од младите на возраст од 15-24 години секојдневно поминуваат време на социјалните мрежи со нивните телефони. Навистина тој развој на технологијата нуди многу позитивни аспекти, но факт е дека ние немаме развиен систем како тоа да се контролира и да се насочат младите што гледаат и она што значи медиумска писменост, а знаеме дека на ниво на Европа безмалку сме на дното по медиумска писменост“ посочи Шкријељ.

Таа додаде дека и возрасните и целиот општествен амбиент имаат одговорност за зголеменото насилство меѓу младите и меѓу врсниците.

„Во оваа ера на ширење на информации, на лажни вести, но и ширење на наративи од нас, возрасните, агресијата во општеството што на секој начин се пласира, и тоа како има влијание. Јас тргнувам од нас пратениците. Што можете вие да видите од Собранието? Се и сешто, од вербална агресија до кршење на инветар, па имавме и обид за физичка ликвидација на пратеници во Собранието. Кога младите луѓе растат опкружени со такви наративи и такви слики и без да имаме осуда, туку имаме нормализирање на агресивноста , ние не можеме да очекуваме поинаков исход. Она што недостига и мора да се направи во образованието е јакнење на тие превентивни програми и јакнење на постапувањето на стручните служби во училиштата“ порача Шкријељ.

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити