Утрински Весник
Економија

Шкријељ: Повеќе за сите, СДСМ обезбеди поголеми плати и подобри услови во 82 градинки

2.jpeg

Инетгрален текст од прес-конференција на Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ:

Почитувани,

Во изминативе години СДСМ стави силен фокус на подобрување на условите во градинките и изградба на нови, низ целата држава.

Од 2017 година до денес, изградени се или реконструирани вкупно 82 градинки, ширум државата.

Опфатот го зголемивма на над 8.000 дечиња.

Изградбата и обновата на градинките носат реални придобивки, вистинска поддршка за семејствата, за родителите и најважното, за нашите најмлади, за идните генерации.

Грижата за сите е одлика на социјалдемократијата а потврда за тоа е и грижата за вработените во градинките.

Обезбедивме континуиран раст на платите на воспитувачките, чии примања од 2017 година до денес се зголемени за над 80 отсто.

За негувателките зголемувањето е речиси 90 отсто. А за над 100 отсто се покачени примањата на помошно техничкиот персонал во градинките, за истиот период.

Ова се политики кои даваат резултат, кои обезбедуваат повеќе за сите. СДСМ така знае, така работи и така се грижи. За нас граѓаните се секогаш на прво место.

Поглеми плати, модерни, енергетски ефикасни и инклузивни градинка по најсовремени стандарди значи исполнување на потребите на граѓаните и вработените.

СДСМ вложува онаму каде што е најпотребно  за разлика од ДПМНЕ кои наместо за потребите на граѓаните, вложуваа во споменици, барокрни фасади, жални врби и стиропор.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија