Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Шкендија со деветмина го победи Работнички

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Img 7972

Шкендија го победи Работнички во дербито на 11.коло, во домашното првенство. Покрај Шкендија, победи ова попладне забележаа Силекс и Македонија ЃП, додека Победа и Академија Пандев одиграа без победник.

Шкендија, со двајца играчи помалку успеа да слави против Работнички во Скопје. При резултат 2:2 беше исклучен Хасани, а кога Шкендија имаше предност 2:3 црвен картон доби Мурати.

Работнички имаше предност од седмата минута со голот на Максимов, израмни Шаља во 23., а Стојановски во 48.минута го режираше пресвртот на Шкендија. Јанакиевски погоди за 2:2 во 66.минута кога започнаа маките на „роматичарите“. По црвениот картон на Хасани во 68.минута, Велија погоди за Шкендија во 73.минута, а кога Мурато доби директен црвен картон три минути подоцна, Стојановски ја потврди победата во 85.минута.

Резултати, 11.коло:

Брегалница – Силекс 2-3 (2-1)
Македонија ЃП – Скопје 2-0 (1-0)
Победа – Академија Пандев 1-1 (0-0)
Работнички – Шкендија 2-4 (1-1)
Недела, 15.октомври
Шкупи – Струга Трим Лум
Слободен е Тиквеш

Фото/ facebook.com/fcrabotnicki

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица