Утрински Весник
Спорт

Шкендија го постави Ардијан Нухиу за нов тренер, а Муарем Бајрами за прв асистент

Шкендија го постави Ардијан Нухиу за нов тренер, а Муарем Бајрами за прв асистент

Македонскиот прволигаш Шкендија го именува Ардијан Нухиу за нов шеф на стручниот штаб. Тој потпиша двегодишен договор и ќе го наследи Ќатип Османи на клупата.

dobivaj vesti na viber

Во стручниот штаб на Шкендија ќе биде и Муарем Бајрами, поранешниот тренер на Македонија ЃП, кој ќе биде прв асистент на Ардијан Нухиу, додека Анди Кули ќе биде одговорен за видео анализата на натпреварите. Кондициски тренер останува Иван Јовановски, додека тренер на голманите продолжува да биде Селадин Мустафи.

„Се чувствувам многу добро што повторно сум овде. Ако како фудбалер успеав да ја освојам титулата во првата година, тогаш проектот што деновиве го откривме и кој разговаравме со челниците беше навистина убедлив. Лично јас сум подготвен за овој нов предизвик. Ќе се изгради многу силен тим за да биде подготвен за предизвиците во Европа, и во следната сезона во првенството“, изјави Ардијан Нухиу, по потписот со црвено-црните.

Нухиу доаѓа во Шкендија откако неколку години раководеше со Дрита Гњилане, со која ја освои шампионската титула и Суперкупот, а имаше и позитивни настапи во европските купови.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари