Утрински Весник
Македонија

Шкариќ: Не е важно што пишува во Изборниот законик, треба да се почитува Уставот

Skaric 1210x600 1.jpg

Уставот е позначаен акт од Изборниот законик и според тоа треба да се почитува одлуката за уставното име на Република Северна Македонија која важи од 2019 година и се однесува на примена на името на државата. Токму затоа не е важно што пишува во Изборниот законик бидејќи Уставот е позначаен, вели професорот по уставно право Светомир Шкариќ во коментар за Градска.мк за она што за време на инаугурацијата во Собранието го направи новата претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

Таа ја потпиша свечената изјава на која пишува Република Северна Македонија, но не го изговори целото уставно име. Потоа, грчката амбасадорка во Скопје, Софија Филипиду, ја напушти собраниската галерија среде заклетвата.

Иако во јавноста имаше тврдења дека во Изборниот законик стои името Република Македонија, сепак според професорот Шкариќ е многу јасно кој правен акт е најважен, бидејќи според официјалните документит придавката „Северна“ во името на државата е регулирано со 33-от уставен амандман, изгласан на 11 јануари 2019-та.

Во Уставот „зборовите Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со „Северна Македонија“, освен во членот 36. Од тогаш до сега, за овие 5 години, Изборниот законик е менуван неколку пати, но не и овој член.

– Од денот на влегувањето во сила на амандманот XXXIII, употребата на придавката во однос на државата, државните органи и јавни институции и во однос на употреби согласно Конечната спогодба е во согласност со името на државата или со нејзинотот скратено име и гласи „на Република Северна Македонија“ или „ на Северна Македонија“.

Исто така донесен е и Уставен закон за спроведување на 4-те амандмани, кој предвидува дека „одредбите од амандман 33 во прописите и другите акти на државните органи се применуваат од денот на влегување во сила на овој закон“. Со измени на уставниот законик се определува дека новото име важи во сите домашни прописи без да мора да се менуваат сите закони еден по еден.

Од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, пак, вчера информираа дека таа ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, но дека во своите јавни настапи има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација.

– Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име. Македонските институции во последниве пет години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, велат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Од македонското Министерство за надворешни работи апелираат сите политички чинители, особено избраните државни функционери, да бидат внимателни кон меѓународно признаните договори.

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)