Утрински Весник
Свет

Шестмесечно бебе починало откако мајката го оставила во автомобилот во Белгија

Шестмесечно бебе починало откако мајката го оставила во автомобилот во Белгија
Dik 300x250 mk

Шестмесечно бебе починало откако нејзината мајка ја оставила во автомобил во градот Шарлроа, Белгија.

dobivaj vesti na viber

Мајката, која работи во болницата Сен Жозеф де Жили во градот Шарлроа, го оставила бебето во автомобилот наместо во болничката градинка, пишуваат медиумите во регионот.

Бебето за кое се вели дека има шест месеци, го забележале луѓе околу 17 часот и 30 минути.

Полицијата и екипите на итната помош пристигнале до автомобилот, но за жал единствено што можеле да направат е да утврдат дека бебето, кое од утринските часови било заклучено во автомобилот на сонце, починало.

Се очекува обдукцијата да ја утврди точната причина за смртта на бебето, а истрагата за инцидентот е во тек.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно