Утрински Весник
Балкан

Шест педофили во Србија уапсени, со лажни профили мамеле 11-12 годишни девојчиња

Screenshot 2026 06 22 165342.jpg

Шест лица се уапсени за педофилија во голема меѓународна полициска операција во Србија. Како што соопшти српското МВР, тие се претставувале како малолетни девојчиња и со помош на сметки на социјалните мрежи собирале и комуницирале со „своите врсници“.

Уапсени се К.Б.(41), државјанин на Русија, Д.В.(63) од Нови Сад, А.М.(51) од Зрењанин, Д.Р.(49) од Алексинац, С.Ф.(32) од Бор и Н.Т.(47) од Велика Плана. Сите се обвинети за кривично дело прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и експлоатација на малолетно лице за порнографија. Како што е наведено во соопштението, осомничените подолг временски период преземале, складирале и споделувале содржина создадена со експлоатација на деца за порнографски цели преку интернет.


Особено загрижувачки е фактот што тие се регистрирале со лажни профили на социјалните мрежи и апликации, претставувајќи се како 11 и 12-годишни девојчиња, со цел да стапат во контакт со малолетници и да изнудат фотографии и видеа со сексуална содржина од нив.

Можете да прочитате

Хаос на улиците во Тирана: Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата, употребени водни топови и солзавец

Мисија на Европскиот парламент ќе ги набљудува изборите во Србија и покрај задоцнетата покана

Дачиќ најави претседателска кандидатура во Србија