Утрински Весник
Македонија

Шест милиони евра ќе наплаќа државата од фирмата што не ја изгради болницата во Штип

Шест милиони евра ќе наплаќа државата од фирмата што не ја изгради болницата во Штип
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нов тендер за изградба на болницата во Штип ќе се распише штом се направи пресек што од неа е реализирано до сега. Од Министерството за здравство посочуваат дека бараат да се активираат банкарските гаранции на фирмата „Интракт“, која не ја заврши изградбата иако потпиша договор.

dobivaj vesti na viber

„Поднесени се барања за активирање банкарски гаранции во износ од шест милиони евра и тие се реализирани. Рокот за изградба бил 30.6.2023, а досега се реализирани само 30 отсто“, велат од Министерството за здравство.

Во рок од 42 дена треба да се достави проект на изведена состојба“, да се подготви нова тендерска документација и во рок од 30 дена да се објави нова јавна набавка.

За раскинувањето на договорот, министерот за здравство, Фатмир Меџити, откри во интервју за „Макфакс“ и зборуваше во детали.

Можете да прочитате

Гиновска: 1700 инспекциски надзори за амбиентален воздух во 2025, утврдени 398 неправилности

Кривичен со реакција по повод најавениот протест: Обвинетиот ја призна вината – со притисоци не се менува пресуда

Засега нема информации за македонскиот државјанин кој се води за исчезнат по несреќата во Кран Монтана