Утрински Весник
Свет

Шест лица загинаа во експлозија во ресторан во Чешка

00000001 330 660x384 1.webp.webp

Шест лица загинаа во експлозија на плинска боца во ресторан во градот Мост, на северозападот на Чешка, при што била запалена зградата, соопшти денеска итната помош, пренесе Хина.

Британските медиуми јавија дека во големата експлозија синоќа се повредени уште осум лица, а од ресторанот и околните згради се спасени 30 лица, соопшти противпожарната служба на социјалната мрежа Икс.


Според очевидци, до експлозијата дошло кога се превртела греалка на плин, што предизвикала пожар, а потоа и експлозија, соопштија од противпожарната бригада.

Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан изјави за Чешкото радио дека греалката била во зимската градина на ресторанот. Во ресторанот имало околу 20 гости, јави Чешкото радио.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина