Вчера, во 13.30 часот, на магистралниот пат Охрид – Ресен, кај превојот Буково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“, управуван од Д. Ѓ. (20) од Охрид, мотоцикл „сузуки“, управуван од Д. А. (21) од Охрид, двата со охридски регистарски ознаки, и патничко возило „поло“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С. П. (59) од битолското село Бистрица.
Во несреќата двајцата мотоциклисти добиле тешки телесни повреди, а Е. К. (19) од Охрид, сопатник на првиот мотоцикл, возачот на возилото „поло“ и сопатничките Л. Р. (49) и Т. П. (55), двете од Битола, добиле телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи.