Утрински Весник
Македонија

Шест лица меѓу кои и дете приведени откако полицијата ги фатила додека крадат исечени дрва

Почина маж од кумановско откако паднало дрво врз него

Полициски службеници од ОВР Кочани вчера ги лишиле од слобода К.Х.(26), М.Т.(18), Н.Н.(24), Н.Н.(23), З.Н.(40) и еден малолетник, сите од Кочани.

dobivaj vesti na viber

„Кај место викано „Бочвенец“ во атар на село Полаки, кочанско, тие биле затекнати при вршење кражба на дрва од туѓа шума и притоа биле пронајдени 48 исечени стебла на огревни дабови дрва. На местото на настанот биле пронајдени и одземени две патнички моторни возила и една моторна пила кои биле предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка“, се наведува во соопштението од МВР.

За случајот, како што велат од МВР, бил запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

На 22 септември ќе биде објавена пресудата за онкологот Мери Пешевска

Левица: Институционален неуспех што убива, а можеше да се спречи – уште еден фемицид во Велес 

СДСМ: Нема учебници, бараме оставка од Јаневска!