Германските истражители го идентификуваа бродот од кој беше извршена диверзија на гасоводите „Северен тек“, трагите водат до компанија во сопственост на Украинци, пишува „Цајт“.
Бродот бил изнајмен во Полска, се наведува во написот и се додава дека оние кои ја нарачале диверзијата не биле откриени.
Според написот, пренасочувањето го извршила екипа од шест лица, не се знае нивното државјанство, користеле лажни пасоши.
Американски власти објавија дека не се пронајдени докази за наводна вмешаност на руските власти во нападите на гасоводите „Северен тек“, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на извори во американската администрација.
Весникот наведува дека новите разузнавачки информации даваат основа да се претпостави дека зад нападот на гасоводите стои проукраинска група.
Проукраинската група наводно дејствувала без знаење на украинскиот претседател Володимир Зеленски и властите во Киев.
Засега американските разузнавачки служби не можат да кажат кој ја нарачал саботажата на гасоводите, посочува весникот, додавајќи дека новите податоци укажуваат дека зад нападот стојат противници на руското раководство, но не се наведува кој бил дел од таа група , кој ја водел или кој платил за операцијата.