Утрински Весник
Свет

Шест бродови со жито испловија од Украина по враќањето на Русија на договорот

Шест бродови со жито испловија од Украина по враќањето на Русија на договорот

Шест бродови натоварени со жито испловија од украинските пристаништа на Црното Море по враќањето на Москва на договорот за извоз на жито, изјави во четвртокот турскиот министер за одбрана, јавуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

„Шест бродови испловија од украинските пристаништа откако беше обновена иницијативата за жито“, рече Хулуси Акар во Анкара.

Со тоа, вкупниот број на бродови од Украина, кои превезуваат повеќе од 9,7 милиони тони жито, се искачи на 426 од стапувањето во сила на договорот од јули со посредство на Турција и ОН, рече Акар.

Турција се надева дека договорот за извоз на жито ќе помогне да се отвори патот кон прекин на огнот и мир, рече турскиот министер, пренесува агенцијата ДПА.

Москва се врати на договорот откако со посредство на Турција доби гаранција од Украина дека нема да го користи поморскиот коридор за воени дејствија против Русија.

Но, Украина останува на ставот дека не презела нови обврски надвор од условите од јулскиот договор за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море по руската инвазија, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот Олег Николенко напиша на „Фејсбук“ дека Украина никогаш не го користела Црноморскиот коридор за жито за воени цели и никогаш немала намера да го стори тоа.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година