Утрински Весник
Свет

Шест болници во Иран евакуирани

Iran zname.webp.webp

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека поради американско-израелските напади врз Иран во таа земја биле евакуирани шест болници, но засега изгледа дека здравствениот систем функционира и дека иранските власти не побарале итна помош од оваа организација.

„Системот на примарна здравствена заштита и здравствената инфраструктура во Иран се доста добри и стабилни, и засега се во состојба да се грижат за повредените“, изјави регионалната директорка на СЗО, Ханан Балкли, пренесе Ројтерс, објави 4news.mk


Балхи изјави дека СЗО има подготвени планови за вонредни ситуации со цел да се обезбедат залихи во случај дополнително да се влоши состојбата.

Таа предупреди дека еден од ризиците е и појавата на таканаречен „црн дожд“, предизвикан од истекување на токсични соединенија од оштетени нафтени постројки, што претставува дополнителен товар за здравствениот систем поради можно зголемување на бројот на респираторни инфекции, пренесе агенцијата.

Иранскиот амбасадор во Обединетите нации во Женева, Али Бахреин, денеска изјави дека од почетокот на судирите на 28 февруари загинале повеќе од 1.300 лица, а над 7.000 се повредени.

СЗО, која има канцеларија во Техеран и им помага на иранските власти, потврди дека биле извршени 18 напади врз здравствени установи и дека загинале осум лекари, пренесува Танјуг.

Можете да прочитате

Германија: Конфликтот со Иран не е војна на НАТО

Велика Британијa: Нема да одиме во војна со Иран

Лавров верува дека ЕУ очекува Србија да се вклучи во војната во Украина