Утрински Весник
Магазин

Шерон Стоун со нов твит за својата здравствена сосстојба

Шерон Стоун со нов твит за својата здравствена сосстојба

Шерон Стоун ги загрижи своите фанови кога на социјалните мрежи откри дека има тумор кој треба да се отстрани.

dobivaj vesti na viber

Таа ги повика фановите секогаш да бараат второ мислење откако добила погрешна дијагноза за која се покажало дека е голем фиброиден тумор.

Актерката на својот Твитер-профил детално опишува како била во болница, потоа пишува за грешка при операција и погрешно поставена дијагноза.

„Само што добив уште една погрешна дијагноза и неточна процедура.“

„Болката се влошуваше, отидов на второ мислење: имам голем фиброиден тумор кој треба да се отстрани“, напиша таа.

Актерката потоа испрати важна порака. „Посебно дами: немојте да мислите дека не е важно, побарајте второ мислење. Тоа може да ви го спаси животот.“

„Ќе ми требаат четири до шест недели за целосно да закрепнам. Ви благодарам на сите за грижата. Сè е добро.“

Нејзините фанови одговорија со бројни пораки за поддршка и добри желби.

Можете да прочитате

Почина професорот д-р Самир Салиевски

Северна Македонија – нова туристичка ѕвезда во 2026 година

Нов закон во Русија: Доброволна самозабрана за игри на среќа како заштита од зависност