Утрински Весник
Магазин

Шер се раздели од свршеникот

Шер се раздели од свршеникот
Dik 300x250 mk

Шер наводно се разделила од Александар Едвардс за кого таблоидите тврдеа дека ѝ е свршеник.

dobivaj vesti na viber

Поп-дивата (76) е во врска со раперот (37) од ноември, но во понеделникот ТМЗ објави дека тие повеќе не се заедно цитирајќи извор кој тврди дека врската ја прекинале пред неколку недели. Причината за разделбата не е откриена.

ТМЗ исто така го цитира инсајдерот дека двајцата никогаш не биле ни свршени и покрај повеќекратните извештаи за спротивното. „Тие решија да не обраќаат внимание на извештаите дека во декември Александар ѝ дал свршенички прстен, чија вредност е 250.000 долари“.

Шер тогаш рече дека би сакала да може да ѝ го покаже прстенот на својата покојна мајка. „Се разбудив пред една минута и првата работа што ја помислив пред да ги отворам очите… треба да отидам кај мама и да ѝ го покажам мојот прстен“, напиша таа во твит.

Шпекулациите за свршувачката на Шер и Александар почнаа на Божиќ кога Шер сподели фотографија од дијамантски прстен, кој Александар го држи покрај натписот: „Нема зборови, Александар, А. Е.“

Можете да прочитате

Властите во северна Јапонија ја повикаа војската за заштита од мечки

По десет години љубов, Саша Ковачевиќ и предложи брак на Зорана Тасовац

Ретроградниот Меркур веќе ги покоси овие 4 знаци: Штом ќе започне хаосот и конфликтот, треба да го направите следново