Шер повторно ги поттикна шпекулациите дека е свршена откога блесна со огромен прстен на новогодишната фотографија што таа ја сподели на интернет.
На фотографијата поп-легендата (76) се чини дека одлично се забавува со Александар Едвардс, кој е 40 години помлад од неа.
Во описот на објавата таа напиша: „Среќна Нова година, тато“!, што поттикна некои тролови да ја исмеваат поради прекарот ‘деди’ за својот помлад љубовник.
Шпекулациите дека парот е свршен почнаа на Божиќ кога Шер сподели фотографија од дијамантски прстен што го држи Александар во своите раце.
Шер исто така твитна за своите фанови дека би сакала да може да ѝ го покаже прстенот на својата покојна мајка.
Двојката првпат се најде на насловните страници во ноември кога беа фотографирани како се држат за рака на вечера во Лос Анџелес.
Таблоидите потсетуваат дека Шер беше во врска со Том Круз (60) со кого имаше 16-годишна разлика во возраста.
Шер, некогаш позната како божица на попот, беше двапати мажена – со Сони Боно од 1964 до 1975 година и со Грег Алман од 1975 до 1979 година. Од двајцата покојни музичари ги има синовите Чез (53) и Илаја (46).