Утрински Весник
Свет

Шефот на Вагнер ја предупредува Москва: „Почнува голем украински напад“

Dik 300x250 mk

Евгениј Пригожин го предупреди рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу дека Киев планира офанзива за отсекување на силите на Вагнер групата од главното тело на московските трупи. Шефот на платеничката група Вагнер на вчерашната прес-конференција тврдеше дека „се планира напад од големи размери кон крајот на овој месец или почетокот на април“.

dobivaj vesti na viber

Преземајќи го необичниот чекор за објавување на својата преписка со Сергеј Шојгу, Пригожин рече: „Ве молам да ги преземете сите неопходни мерки за да спречите отсекување на приватната воена компанија „Вагнер“ од главните сили на руската армија, што ќе доведе до негативни последици за специјалната воена операција“.

Тој додаде дека ќе го објави сопствениот план за соочување со Украина, но не откри како дознал за наводната претстојна офанзива.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно