Утрински Весник
Свет

Шефот на украинската воена разузнавачка служба: Навални почина од тромбоза

Navalni 2.jpg

Шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданов изјави дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал од природна смрт.

-Веројатно ќе ве разочарам, но Навални почина од тромбоза. Тоа е повеќе или помалку потврдено. Ова не се податоци од Интернет, туку, за жал, тоа е природна смрт – изјави Буданов на новинарите, пренесува „Украинска правда“.

Семејството и соработниците на Навални го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин за неговата смрт. Кремљ ги отфрли сите обвинувања.

Навални почина на 16 февруари во затвор во оддалечена област во близина на Арктикот, каде што издржуваше 19-годишна затворска казна за екстремизам.

Државната затворска служба објави дека Навални починал од синдром на ненадејна смрт, откако му се слошило додека шетал низ затворската колонија.

Вчера властите го предале телото на Наваљни на неговата мајка.

Можете да прочитате

Турција со реакција до Техеран по соборувањето иранска балистичка ракета

„Катар Енерџи“ прогласи „виша сила за своите засегнати купувачи“ по прекинот на производството на течен природен гас

Одложен е погребот на Хамнеи во Техеран