Утрински Весник
Свет

Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа, повика на превенција

Poliovirus.jpg

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска потврди дека во Газа е откриено присуство на полиовирус и предупреди дека децата во таа, зафатена од војна, енклава наскоро ќе бидат заразени доколку брзо не се преземат превентивни мерки.

Еден ден откако СЗО објави дека е голема веројатноста да има случаи на детска парализа кај населението во Газа, директорот на таа организација изрази загриженост на платформата Х за цената на конфликтот меѓу Израел и Хамас по човечки животи, пренесува Reuters.

Тој посочи дека присуството на полиовирусот во Газа зборува за ужасните услови со кои се соочува тамошното население.

Можете да прочитате

Иран одбива нова рунда преговори со САД

Хорор во САД: Во масовно пукање убиени осум деца

Израел уапсил над 23.000 Палестинци на Западниот Брег од почетокот на војната во Појасот Газа