Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Шефот на полицијата во Јужна Кореја: Нашиот одговор не беше соодветен

Шефот на полицијата во Јужна Кореја: Нашиот одговор не беше соодветен
300x250 opst2

Шефот на јужнокорејската полиција рече дека полицискиот одговор на трагедијата во Сеул е несоодветен, што е прво официјално признание од официјални лица дека не сториле доволно за да ја спречат.

dobivaj vesti na viber

Во услови на зголемени повици за одговорност, Јун Хи-Кеун рече дека полицискиот одговор е „разочарувачки“ и дека чувствува „безгранична одговорност за јавната безбедност“ за она што се случило.

Тој вети целосна истрага. Во смртоносното стампедо загинаа 155 лица, а повредени се 152. Страшниот инцидент се случи во саботата вечерта кога толпи луѓе се собраа во уличка во Итаевон, популарна област за ноќен живот во Сеул, за да го прослават Ноќта на вештерките за првпат по ограничувањата на пандемијата.

Јун рече дека полицијата добила бројни повици пред несреќата, предупредувајќи на сериозноста на ситуацијата, но немало одговор.

Полицијата во Сеул соопшти дека првиот повик до јужнокорејскиот број за итни случаи пристигнал во 18:34 часот по локално време и имало уште 10 повици во следните три ипол часа.

Началникот на полицијата рече дека полицијата ќе спроведе „брза и ригорозна интензивна истрага“ за да види дали е преземена соодветна акција по приемот на повикот и дали полицајците соодветно реагирале.

Можете да прочитате

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија