Утрински Весник
Свет

Шефот на Мосад во недела во Доха ги продолжува разговорите за прекин на огнот во Газа

Doha 1.jpg

Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Дејвид Барнеа, се очекува утре да ги води разговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Ројтерс, повикувајќи се на информирани извори.

Израел во петокот објави дека ќе испрати делегација во главниот град на Катар, Доха, но не прецизираше кога и кој ќе биде во нејзиниот состав.

Според истите извори, Барнеа треба да се сретне со катарскиот премиер и египетските претставници во Доха за да разговараат за преостанатите отворени прашања во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, вклучувајќи го и бројот на палестинските затвореници кои би можеле да бидат ослободени од израелските затвори во размена на заложници.држана од таа палестинска милитантна група.

Исите извори изјавија дека ќе се разговара и за испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа.

Според британската агенција, заминувањето на шефот на Мосад во Доха е директен одговор на новите предлози за прекин на огнот што ги објави Хамас.

Хамас претходно објави дека ја претставил својата „визија за мировен договор, кој се заснова на запирање на израелската агресија врз Палестинците во Појасот Газа“ пред посредниците во потенцијалниот договор со Израел.

Тоа вклучува во првата фаза ослободување на израелски жени, деца, стари лица и болни заложници во замена за ослободување од 700 до 1.000 палестински затвореници.

Предлогот предвидува ослободување на 100 палестински затвореници кои отслужуваат доживотна казна затвор во израелските затвори, во замена за ослободување на израелските „жени регрути“.

После тоа би бил одреден рок и датум за израелското повлекување од Газа, се наведува во предлогот.

Хамас исто така изјави дека бара обезбедување хуманитарна помош и враќање на раселените Палестинци во нивните домови.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека новиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, кој претставниците на Хамас го претставија пред посредниците, „се уште се заснова на нереални барања“.
Преговорите меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа за време на Рамазан, кои се одржаа со посредство на САД, Катар и Египет, не дадоа резултати, иако сите страни изразија очекување дека е можен договор.

Можете да прочитате

Венецуела: Обвинувања за сајбер напад од Северна Македонија

Франс метео: Жолто ниво за опасност од високи температури во Париз каде се одржуваат ОИ

Трамп вели дека церемонијата на отворање на Олимпијадата била „срамота“