Утрински Весник
Свет

Шефот на финската дипломатија: ОБСЕ пред колапс поради спорот за претседателството на Талин

Шефот на финската дипломатија: ОБСЕ пред колапс поради спорот за претседателството на Талин
Ss2

Финскиот министер за надворешни работи, Пека Хаависто, стравува дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) би можела да пропадне бидејќи Русија и Белорусија не се подготвени да го одобрат претседавањето на Естонија во 2024 година, објави информативниот портал Yle.

dobivaj vesti na viber

Секоја година една од земјите членки на ОБСЕ претседава со организацијата на ротирачка основа. Кандидатот мора да биде одобрен од сите членки на ОБСЕ.

Ss1

Македонија претседава со ОБСЕ од 1 јануари 2023 година.

Според финскиот портал, Русија и Белорусија не ја одобриле кандидатурата на Естонија, а Талин не планира да се откаже од можноста да претседава со организацијата. Така, според порталот, ОБСЕ ќе се соочи со суштинска криза во следните шест месеци.

„Ако нема претседавач (со организацијата) во 2024 година и нема консензус за ова прашање, следната година ќе биде година кога ОБСЕ ќе пропадне како организација“, рече Хаависто додавајќи дека падот на ОБСЕ може да се случи пред Финска да го преземе претседавањето во 2025 година.

Виенски „Ди пресе“ објави во април дека Австрија е подготвена да се предложи себеси за алтернативен кандидат за претседавање со ОБСЕ во 2024 година ако не се постигне консензус за одобрување на кандидатурата на Естонија поради можното несогласување на Русија.

Весникот истакна дека Русија одбила да ја поддржи кандидатурата на Естонија на министерскиот состанок во Стокхолм кон крајот на 2021 година.

Одобрениот претседавач со ОБСЕ служи во тоа својство една календарска година. Номинацијата обично се случува две години пред почетокот на мандатот на предложениот кандидат.

ОБСЕ е најголемата регионална безбедносна организација во светот, која обединува 57 земји членки. До 1994 година таа беше позната како Конференција за безбедност и соработка во Европа (КЕБС).

 

Ss1

Можете да прочитате

САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош

Во Австралија зголемен бројот за повеќе од половина на граѓаните кои живеат во сиромаштија

Лукашенко: Опозицијата и НАТО планираат напад врз Белорусија