Утрински Весник
Спорт

Шахтјор од ФИФА бара 40 милиони евра

Шахтјор од ФИФА бара 40 милиони евра

Украинскиот фудбалски прволигаш Шахтјор започна постапка пред Судот за спортска арбитража (CAS) против Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Шахтјор бара отштета од 40 милиони евра поради заминувањето на странските играчи среде војната во таа земја. Сепак, извршниот директор на Шахтјор, Сергеј Палкин, за Асошиејтед прес изјави дека ќе биде многу тешко да се добие случајот против ФИФА.

dobivaj vesti na viber

Претставниците на украинскиот клуб сметаат дека се финансиски оштетени поради одлуките на ФИФА по почетокот на руската агресија врз Украина. Имено, ФИФА донесе одлука странските играчи и тренери во Украина да имаат право да ги прекинат договорите до 30. јуни годинава доколку не постигнат договор со клубот.

„Многу странски играчи потоа го напуштија клубот без обештетување. Клубот сака да ги врати изгубените 40 милиони евра, а ФИФА треба да ја надомести штетата за која е одговорна“, рече Палкин, еден ден откако помогна да се претстави случајот на клубот против ФИФА, во судот во Лозана.

Палкин истакна дека Шахтјор се бори против „најголемата и највлијателната фудбалска организација“.

„Нема да биде лесно да се добие позитивна одлука. Но, важно е да се слушнат нашите ставови. Не сакаме европските клубови да ја искористат нашата ситуација, тоа е најлошото сценарио”, изјави Палкин.

Во посебен, но сличен случај пред CAS, група руски клубови, исто така, ги оспорија правилата за трансфери на ФИФА. Се очекува дека CAS може да донесе пресуди во средината на јануари.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина