Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Шаќири: Значително подобрени условите за настава во струшките училишта

Шаќири: Значително подобрени условите за настава во струшките училишта
Img 7972

„Задоволен сум од начинот на кој функционираат училиштата во Струга. Ја поздравувам неуморната работа на училишните раководства и нивната интензивна соработка со локалната самоуправа што придонесе за значително подобрување н условите за настава и за квалитетен воспитно – образовен процес“.

dobivaj vesti na viber

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири при денешната посета на средните училишта „Ибрахим Темо“ и „Нико Нестор“ каде како што рече, успешно започна учебната 2022-2023 година како и во сите други училишта во државата.

Министерот потенцираше дека инфраструктурните услови во струшките училишта се генерално добри, со исклучок на основното училиште „Браќа Миладиновци“ за кое Министерството за образование и наука одлучи целосно да го реконструира во следниот период.

„Образованието е најголемиот влог во иднината на нашите деца и млади, а инвестициите во образовна инфраструктура се еден од трите основни услови за реализирање воспитно-образовен процес што гради слободни граѓани, ја засилува економијата и ја зацврстува демократијата. Со задоволство информирам дека МОН ќе одвои вкупно 33 милиони денари во 2022 и 2023 година за реконструкција на струшкото основно училиште „Браќа Миладиновци“, со што наставниците и учениците ќе добијат темелно реконструирано училиште“ – рече Шаќири.

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места