Утрински Весник
Свет

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

20251027180539 big 730x400 84.webp.webp
Dik 300x250 mk

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја Чое Сонг-хуи денеска во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и нејзиниот колега Сергеј Лавров.

– Големо задоволство ми е што Ве сретнав. Пренесете ги моите најдобри желби до шефот на државата (Ким Џонг-ун), истакна Путин на средбата во Кремљ со Чое.


Додека Чое и Лавров, како што се наведува во соопштението на руското МНР, разговараа за актуелните билатерални односи.

Министрите ја потврдија својата цврста посветеност на спроведувањето на одредбите од Договорот за сеопфатно стратешко партнерство, се наведува во соопштението.

Лавров и Чое разговарале и за меѓународната ситуација и се согласиле дека „агресивните акции на САД и нивните сојузници се главната причина за зголемувањето на тензиите на Корејскиот Полуостров, во Североисточна Азија и во светот како целина“.

Северна Кореја испрати неколку илјади војници во Русија за да помогне во запирањето на украинската офанзива во рускиот Курски регион зимата 2024-2025 година. Пјонгјанг е исто така клучен снабдувач на артилериски гранати и ракети за Русија

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција

Најбогатите луѓе во Европа живеат во Швајцарија и Данска