Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Северна Кореја усвои закон за превентивни нуклеарни напади

Северна Кореја усвои закон за превентивни нуклеарни напади
300x250 opst2

Северна Кореја усвои закон со кој се дозволуваат превентивни нуклеарни напади, објавија денеска севернокорејските државни медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Доколку командниот и контролниот систем на националните нуклеарни сили е во опасност да биде нападнат од странски непријателски сили, нуклеарен напад се изведува автоматски и веднаш“, се наведува во законот, пренесува КЦНА.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека со новиот закон Северна Кореја „неповратно се здобила со статус на држава со нуклеарно оружје“.

Северна Кореја изврши серија тестови оваа година и покрај санкциите, вклучително и тестирање на интерконтинентална балистичка ракета.

Американските и јужнокорејските власти предупредија дека Пјонгјанг се подготвува да го изврши седмиот нуклеарен тест,пренесе Денес.рс.

Можете да прочитате

Едно лице убиено, десетици повредени во масовните протести во Перу против претседателот

Двајца загинати во пукотница во близина на училиште во Чешка

Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак