Утрински Весник
Свет

Северна Кореја истрела две балистички ракети

Северна Кореја истрела две балистички ракети

Северна Кореја истрела две балистички ракети со краток дострел од нејзиниот источен брег, соопштија денеска јужнокорејските воени претставници.

dobivaj vesti na viber

Ракетите биле истрелани од областа Тонгчеон во провинцијата Гангвон, на источниот брег на Северна Кореја, четири дена откако Пјонгјанг и Сеул размениле предупредувачки истрели од западниот брег поради зголемените тензии, пренесува „Ројтерс“.

– Нашата армија е во целосна готовност – се наведува во соопштението на армијата на Јужна Кореја, со изјава дека е интензивирана соработката со САД во областа на безбедноста.

Пјонгјанг претходно изјави дека неодамнешните ракетни лансирања се протест против заедничките вежби на САД и Јужна Кореја, за кои вели дека се проба за инвазија.

Сеул и Вашингтон ги негираа тврдењата на Северна Кореја, додавајќи дека вежбите се одбранбени и потребни за да се спротивстават на заканите од Северот.

Минатата недела јужнокорејските трупи почнаа заеднички воени вежби со американската војска со цел зголемување на способноста за одговор на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани.

Од почетокот на оваа година, Северна Кореја истрела повеќе од дваесет балистички ракети, вклучувајќи ја и онаа што ја прелета Јапонија, потсетува британската агенција.

Можете да прочитате

Шест отсечени човечки глави пронајдени покрај пат во Мексико

Над 1.000 мртви во Шпанија поради жештините

Германија и нејзините сојузници работат на деталите за безбедносните гаранции за Украина