Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Сетиен: Барселона ми должи пари

Сетиен: Барселона ми должи пари
300x250 opst2

Новиот тренер на Виљареал, Кике Сетиен (64) откри дека Барселона се уште му должи пари.

dobivaj vesti na viber

Сетиен ја презеде Барса на почетокот на 2020 година, но беше сменет летото истата година, по катастрофалниот пораз од Баерн (2:8) во Лигата на шампионите.

На почетокот на оваа недела беше назначен за тренер на Виљареал, откако неочекувано клубот го напушти Унаи Емери.

„Финансиската криза имаше големо влијание. Ова го велам затоа што Барселона се уште ме нема во целост исплатено. Во исто време, нема да брзам, подготвен сум да им дадам време колку што им треба. Се е во ред“, изјави Сетиен за „Ел Мундо Депортиво“.

Барселона наводно има договор со Кике за финансиска отштета во висина од четири милиони евра.

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг