Утрински Весник
Балкан

Серија земјотреси во близина на Света Гора – Дали централниот земјотрес помина?

Zemjotres.jpg

Серија земјотреси беа регистрирани на третиот крак на Халкидики, кај Света Гора, а најсилниот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтер, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првиот земјотрес од 4,1 степен беше во морскиот дел на 11 километри југоисточно од градот Урануполи, следеа три помали меѓу 2,6 и 3,2 степени, а еден час подоцна и најголемиот од 4,6 степени со епицентар, исто така во морскиот дел.

Неколку минути подоцна беше регистриран уште еден земјотрес од 3,8 степени.

Засега нема информации за проблеми од земјотресите.

Во изминатиот период се почеста е појават на земјотреси во близина на Света Гора.

Можете да прочитате

БиХ утрово ја погоди земјотрес, потресот почувствуван во поширокиот регион

„Риба-зајак“ касна жена во популарно грчко летувалиште

Вучиќ го „одврза“ ќесето: Најави ваучери за одмори, еднократна помош и раст на платите и пензиите