Утрински Весник
Спорт

Серхио Рамос се врати во Севилја по речиси две децении

Серхио Рамос се врати во Севилја по речиси две децении

Поранешниот централен бек на Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос се врати во својот клуб од детството Севилја како слободен играч, потврди шпанскиот клуб во понеделникот.

dobivaj vesti na viber

37-годишниот Рамос остана без клуб по крајот на договорот со ПСЖ, по што доби богата понуда од саудискиот Ал-Итихад, но тој цело време инсистираше на враќање во Шпанија, потпишувајќи едногодишен договор со андалузискиот клуб.

„Серхио дојде во нашата младинска академија кога имаше седум години пред да дебитира во првиот тим на 16 години во 2002/23. Нашиот бек се враќа по речиси две децении откако замина на 19 години во Реал Мадрид“, велат од Севилја.

Рамос остана 16 години на „Сантијаго Бернабеу“, освојувајќи четири титули од Лигата на шампионите, пет од Ла лига и одигрувајќи фантастични 671 натпревари, во кои како дефанзивец постигна зачудувачки 101 гол. Во Франција, тој помина две сезони и освои две титули од Лига 1 со ПСЖ. Рамос во кариерата исто така го има и Светското првенство во 2010 со Шпанија, како и две европски титули, пред да се повлече од репрезентацијата во февруари 2023.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024