Утрински Весник
Магазин

Сенида се заинтересира за танцот на ЕХФ-евро во Скопје

Сенида се заинтересира за танцот на ЕХФ-евро во Скопје

Танчарите од студиото „Еурека“ од Македонија, заедно со артисти од Словенија и Црна Гора, беа дел од перформансот на официјалната песна Play with heart, ​која на отворањето на Европското првенство за ракомет за жени ја изведе познатата пејачка Сенида.

dobivaj vesti na viber

Кики Мукаетова, која беше дел од танчарската група, на својот профил на „Инстаграм“ сподели фотографии од настанот, а тоа ѝ го привлече вниманието и на пејачката Сенида, која лично ѝ напиша и побара да го сподели и видеото од настапот.

Сенида е регионална музичка ѕвезда, пејачка и текстописец, родена во Словенија, позната по својот длабок глас и уникатен изглед.
Таа е избрана за амбасадор на Европското првенство, Песната што ја пее, „Играј со срце“, се изведува на повеќе јазици, напишана е од Гашпер Павли, продуцент е Тимотеј Лампе Игњиќ, музиката ја изработија Казафура и Сенида, а текстот е напишан од Бенџамин Крнетиќ, Сенида и Казафура.

ПР

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години