Утрински Весник
Спорт

Сенегал во паника: Каква е повредата на Садио Мане?

Сенегал во паника: Каква е повредата на Садио Мане?

Светското првенство во Катар почнува за две седмици, а се поголем број фудбалери се неизвесни дали ќе можат да настапат поради повреди. Од синоќа во оваа група е и Сенегалецот Садио Мане.

dobivaj vesti na viber

На натпреварот меѓу Баерн Минхен и Вердер тој се здоби со повреда, поради која го напушти теренот во 20. минута. Тој одеднаш седна на тревата и побара да биде заменет, а се претпоставува дека се работи за повреда на мускулот.

Тоа што ги загрижува сите во Сенегал е дали Мане ќе биде подготвен за воведниот натпревар на 21 ноември против Холандија и дали најдобриот фудбалер на оваа земја ќе се опорави на неполни две недели до почетокот на првенството.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност