Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Врв на неодговорноста, ВМРО-ДПМНЕ блокира 100 милиони евра во време на криза

СДСМ: Врв на неодговорноста, ВМРО-ДПМНЕ блокира 100 милиони евра во време на криза

„Дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ во време на енергетска и економска криза, во период на здравствената криза, но и пред кризите, се одликува со деструктивност, опструкции, блокади делување на штета на граѓаните и државата. Врв на неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ е блокирањето 100 милиони евра наменети за полесно справување со последиците од енергетската криза“ велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат дека „поради свесно и намерно блокирање на законското решение од страна на ВМРО-ДПМНЕ, по налог на Христијан Мицкоски, среде енергетска криза, ЕБОР стопираше 100 милиони евра за поддршка на АД ЕСМ“.

„Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ наместо да помогнат, дополнително ја отежнуваат состојбата во време на светска економска и енергетска криза. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со недели го одолговлекуваат законското решение, кое треба да обезбеди финансиска помош за околу 200.000 граѓани од ранливите категории во наредните четири месеци“ е ставот на владејачката партија.

„Во Собранието држат блокирaни над 100 закони важни за граѓаните и државата“ поптенцираат од СДСМ.

Можете да прочитате

„Палчо“ останува во притвор 30 дена

Откажана сезонската авиолинија Скопје – Крф

ЈО: Предложени мерки на претпазливост и привремено одземање на пасошот за Иџет Мемети