Утрински Весник
Свет

Семејство патувало пеш со километри за да избега oд Родос, ги спасил локален жител

Семејство патувало пеш со километри за да избега oд Родос, ги спасил локален жител

Сеемејство од Британија било принудени да пешачи со своите две деца со киломерти низ патишта зафатени од шумските пожари на Родос, додека се бореле да бидат евакуирани.

dobivaj vesti na viber

Таткото Ник Стафорд, неговата сопруга Вики, и нивните две деца, седумгодишната Емилија и 11-годишниот Луис, се соочија со целосен хаос откако беа принудени да го напуштат хотелот, оставајќи три куфери зад себе, пишува „Дејли мејл“.

Таткото Стафорд рече дека возилата ги земаат само хотелските работници, а на другите луѓе не им остава друг избор освен да пешачат до следниот хотел на 33 степени на топлина во 11 часот.

„Беше прилично апокалиптично и напорно со децата. Патот беше целосно темен пред нас, но зад нас, целиот хоризонт беше осветлен од пожарите“, изјави Стафорд за „Мирор“.

Откако пешачеа девет километри , семејството, кое потекнува Бедфордшир, на крајот го собрал локалец кој ги однел уште три километри до друг хотел.

Евакуации има и на Крф – уште едно грчко жариште за одмор е уништено од шумски пожари, а илјадници туристи сè уште се на аеродромот на Родос.

Грчката служба за итни комуникации ги предупреди луѓето кои престојуваат или живеат во речиси 20 области на Крф да се евакуираат во побезбедни делови на островот.

Туристите кои се враќаа дома од Родос срдечно ги прегрнаа оние што ги чекаа на аеродромот Гетвик откако успешно избегаа од застрашувачките пеколни на грчкиот остров.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење