Утрински Весник
Македонија

Семејна драма: Приведен неготинчанец, му се заканувал на неговиот помал брат

Policija 3.jpg

Лишен од слобода бил жител на неготинско село, братот пријавил во полиција дека му се заканувал со остар предмет. Во друг случај, ваташанец испукал два куршуми од гасен пиштол во Кавадарци. За двата настана од вчера, денеска информираа од СВР Велес.

– Вчера во 16:20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.А.(28) од неготинско село, по претходна пријава од неговиот 22-годишен брат, дека во семејниот дом додека имале вербална распарвија, С.А. му се заканувал со остар предмет. С.А. бил задржан во полициска станица, предметот бил одземен и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР Велес.

Оттаму соопштија дека претходно, во 16:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле М.П.(22) од село Ваташа, кавадаречко.

-На улица „Илинденска“ во Кавадарци, додека се превезувал со патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(22) од Кавадарци, преку прозорецот од возилото испукал два куршума од гасен пиштол. Во возилото бил пронајден и одземен пиштолот и неиспукани куршуми кои ги поседувал без одобрение, а биле пронајдени и подигнати и испуканите чаури. По документирање на настанот, против М.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа