Утрински Весник
Македонија

Села: Или ги прифаќаш уставните измени или треба да кажеш дека не си за членство во ЕУ

Screenshot 2024 04 27 101455.png

Или ги прифаќаш уставните измени или треба да кажеш дека не си за членство во Европската унија, тоа се двата правца, вели Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците во интервју за МИА. Во интервјуто во пресрет на парламентарните избори, Села останува на ставот дека треба прво да се донесат уставните измени, а потоа да се формира Владата. Дебатата околу уставните измени, како што посочува, е завршена и треба само да се гласа. – Откога ќе се направи новото мнозинство, треба да седнеме и да ги изгласаме уставните измени. Од формално-правен аспект немаме никаков проблем бидејки фактот дека ќе се случат избори не значи дека ќе имаме нова држава. Истата држава е и продолжуваат седниците од минатиот состав на Собранието и ние можеме да ги гласаме уставните измени. Тоа би бил условот за креирање на новата Влада, вели Села. Евроинтеграцијата останува приоритет за Алијанса за Албанците, а според Села, руската агресија во Украина донела олеснителни околности околу зачленувањето на земјите од Западен Балкан во Европската унија и како држава треба да го искористиме тој момент. – Тоа е услов. Треба да им биде јасно на сите граѓани, треба да им го кажат на сите политички актери кои одат пред нив и велат дека ако ги добиеме гласовите и мнозинството ќе го промениме договорот и.т.н. Тоа е услов – или го прифаќаш или треба да кажеш дека не си за членство во ЕУ. Тие се двата патишта. Сите политички актери кои излегуваат пред граѓаните со програма за зачленување во Европската унија треба да бидат подготвени првиот ден кога ќе се состави новиот Парламент да гласаат за уставните измени и да продолжиме. Мислам дека руската агресија во Украина донесе олеснителни околности околу зачленување во ЕУ на земјите од Западен Балкан. Ние треба да го искористиме овој момент бидејќи многу полесно ќе ни биде за да бидеме рамноправна членка на ЕУ, нагласува меѓу другото во опширното интервју Села, кој како партија очекува на претстојните парламентарни избори да освојат минимум пет пратенички места.

Можете да прочитате

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Пожар на железничката станица во Гевгелија: се запалила локомотива од воз

Отворање на 52. Мајски оперски вечери со премиера на Вердиевата опера „Трубадур“