Утрински Весник
Македонија

Села го оспори „Безбеден град“ пред Уставниот суд

Sela.jpg

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на измените на Законот за прекршоците, кои се донесени со цел имплементација на проектот „Безбеден град“. Според Села, законското решение е спорно од повеќе аспекти – од процедурата на носење преку прекршување на човековите права и непочитување на Законот за употреба на јазиците, па сè до инфраструктурната неподготвеност на општините.

По поднесувањето на иницијативата, Села пред новинарите изјави дека ваков закон, кој директно влијае врз сите граѓани, не смеел да биде донесен по брза постапка и предлаган преку пратеници наместо како владин предлог што би подлежел на широка јавна расправа.

– Прво, со овој закон се удира врз целото население на Република Северна Македонија, врз сите граѓани и никако не е дозволено да помине со брза постапка. Прашањето што може да се постави е зошто за проектот кој веќе со месеци се промовира од страна на Владата иницијативата се прави од пратеници во Собранието. Еве едно јавно прашање: – Што сака да скрие Владата? Зошто самите не излегоа со оваа иницијатива – рече Села.

Тој посечи дека во самиот закон има многу прашања што удираат директно врз рамноправноста на граѓаните.

– Премиерот, исто и така и претседателот и сите функционери што се избрани, треба да ги почитуваат законите. Затоа даваат заклетва, дека ќе ги почитуваат Уставот и законите на оваа држава. А еден од законите што тие треба да го почитуваат е и Законот за употреба на јазиците. И треба да го почитуваат бидејќ,и почнувајќи од премиерот, без разлика кој е и со каков политички став, треба да го почитува и Законот за јазиците. И во законот треба да стои дека пораките треба да пристигнуваат двојазично – изјави Села.

Тој забележа и дека несериозно е за една држава казни и судски одлуки да пристигнуваат преку порака бидејќи не постои законска обврска некој граѓанин да има мобилен телефон или електронска пошта.

Можете да прочитате

„Не се дишеше, беше пекол“ ново сведоштво за трагедијата во Кочани

СДСМ: Си кажа ВМРО за часовниците вредни 150 плати – приватен бизис на Мицкоски

Савески, Раичевиќ, Панчевски и Хајрулахи меѓу кандидатите за државен јавен обвинител