Се чини дека новокрунисаната Мис на Хонгконг, Денис Лем, не може да се одмори.
27-годишната кралица на убавината, која е и ќерка на ТВБ ѕвездата од 90-тите Вилсон Лем, се најде во уште една контроверза – овој пат поради наводна порнографска снимка.
HK01.com во четвртокот објави дека порнографската снимка во која, наводно, се појавува Денис веќе стигнала до медиумите. Беше откриено и дека е достапна „целосна верзија“.
Денис ги отфрли тврдењата во неколку интервјуа за медиумите. „Еден поглед и ќе знаете дека не сум јас“, рече таа.
За да го заштити имиџот на Денис, од ТВБ иницирале полициски извештај за ова прашање, според изворот на веста.
Медиумите додаваат дека лицето или луѓето кои го обелоденија клипот испратиле и две фотографии, наведувајќи дека имаат инсајдерски информации за Денис.
Фотографиите го покажуваат одблиску лицето на жената во видеото, а на друга фотографија таа е разголена (топлес) покрај маж.
Сепак, HK01.com предупреди дека жената во снимката се чини дека не е Денис и дека клипот би можел да бидат преземен од јапонски AV филм.
Денис изјави дека е свесна кој стои зад „протекувањето“ и изрази надеж дека ова ќе биде крај на сите измислици за неа.
Откако победи на изборот за Мис на Хонгконг во септември оваа година, Денис ја следат низа контроверзи, една по друга.