Утрински Весник
Економија

Сега неговите 10 биткоини вредат рекордни 89.000 долари – Пандов со неверојатен профит!

Img 6939.jpeg

Победата на Доналд Трамп на изборите предизвика значителен раст на американските берзи, доларот и криптовалутите, особено биткоинот. Според „Телма,“ најпознатата криптовалута вчера достигна историски рекордна вредност од 89.000 долари, што е пораст од 39% во однос на јуни. Оваа ситуација е особено радосна за оние што поседуваат биткоини, меѓу кои и директорот на македонската Управа за извршување на санкции, Александар Пандов.

Пандов пријавил во својот имотен лист дека поседува 10 биткоини, кои при пријавувањето ги проценил на 600.000 евра, односно околу 60.000 евра (63,7 илјади долари) по биткоин. Но, со сегашната вредност по изборите, неговите 10 биткоини вредат 890.000 долари (приближно 838.400 евра), што значи дека за помалку од пет месеци, Пандов остварил заработка од 238.400 евра.

Оваа нова добивка не само што го зголеми личниот имот на Пандов туку и предизвика внимание во јавноста поради неговата позиција како функционер. Растот на биткоинот, поддржан од глобалните финансиски трендови и политичките случувања во САД, продолжува да носи значајни промени на пазарот на криптовалути.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија