Утрински Весник
Балкан

Седумнаесет повредени во несреќа меѓу автобус и камион во северозападна Турција

1707919512 D187d0b5d182d0b8d180d0b8 D0bbd0b8d186d0b0 D0bfd0bed0b2d180d0b5d0b4d0b5d0bdd0b8 D0b2d0be D181d0bed0bed0b1d180d0b0d19cd0b0d198d0bad0b0 63ca7066e6629.jpeg
Ss2

Седумнаесет лица се повредени денеска во тешка сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион на автопатот во близина на градот Дузче, северозападна Турција, јави Си-Ен-Ен-Турција.

Автобусот патувал за Анкара.

300x250 (7)

Несреќата се случила околу 13 часот по локално време, откако автобусот се судрил со камион кој се движел во истиот правец. Автобусот потоа удрил во заштитната ограда на патот.

На подрачјето на инцидентот се испратени екипи на полицијата, противпожарната служба и многу возила на брза помош.

Возачот останал заробен во возилото, но бил спасен од пожарникарите.

Ss1

Можете да прочитате

Самарас: Извештајот на Бакојани за Косово не ја претставува Грција

Видеото стана хит: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“