Утрински Весник
Спорт

Седуммина се недопирливи во Барселона, другите се на продажба

Седуммина се недопирливи во Барселона, другите се на продажба

Барселона има големи планови за летниот проден рок и покрај тоа што клубот се уште има големи финансиски проблеми. Прашање е дали нивните финансиски книги ќе можат да ги поминат инспекциите на Ла Лига и УЕФА со оглед на огромните инвестиции во последната година.

dobivaj vesti na viber

Приоритет на Барселона е враќањето на Лионел Меси, а поради ова клубот ќе мора да продаде неколку првотимци. Тренерот Чави знае без кои играчи не сака да остане, а листата на „недопирливи“ веќе му ја достави на Жоан Лапорта.

Шпанските медиуми, шпекулираат дека на лустата недоприливи се: Роналд Араухо, Андреас Кристенсен, Усман Дембеле, Марк-Андре тер Штеген, Френки де Јонг, Педри и Роберт Левандовски.

Исто така, меѓу играчите кои не се на продажба се Алехандро Балде и Гави, но тие не се вбројуваат во првотимци бидејќи се уште немаат одобрение за нови договори, но јасно е дека клубот сака тие да останат на „Камп Ноу“

Пари за да го финансира враќањето на Меси ќе се обиде да обезбеди од продажбите на Рафиња Франк Кеси, Феран Торес, Ансу Фати и Ерик Гарсија.

Буџетот за плати ќе биде растоварен и со заминувањата на ветераноте Серхио Бускетс и Џорди Алба.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига