Утрински Весник
Свет

Седумчлено семејство загина во пожар во Русија, меѓу кои и пет деца

Седумчлено семејство загина во пожар во Русија, меѓу кои и пет деца
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Седумчлено семејство со пет деца загина во пожар во куќа во руската република Башкирија, јавуваат руските агенции.

dobivaj vesti na viber

Пожарот зафатил дрвена двокатница во која имало неколку станови, соопштија од итните служби, пренесува Интерфакс.

Од пожарот се спасени две деца. Таткото успеал да ги спаси, а потоа се обидел да ги спаси и останатите деца, но не можел да излезе од запалената куќа и починал.

При гаснењето на пожарот пронајдено е и тело на жена, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни состојби во Башкирија.

Според првичните податоци, причина за пожарот може да биде краток спој или невнимателно ракување со пожарот.

Башкирија се наоѓа во југоисточниот дел на европскиот дел на Русија.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства