Утрински Весник
Балкан

Седум партии влегуваат во романскиот парламент, националистите со силна поддршка во дијаспората

Romanija.webp.webp
Dik 300x250 mk

Според официјалните податоци од Постојаната изборна комисија на Романија, седум партии го надминаа изборниот праг за влез во парламентот по обработка на над 99 проценти од протоколите во земјата, јавуваат локалните медиуми.

Социјалдемократската партија (СДП) и националистичкиот Алијанса за обединување на Романците (АУР) ги заземаат првите две места, по кои следуваат Национално-либералната партија (НЛП), Реформскиот сојуз за спас на Романија (ССР), националистичката партија СОС Романија, Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија (ДСУР) и Партијата на младите (ПОТ).

Распределбата на гласовите во Долниот дом е следна: СДП – 22,27%, АУР – 17,86%, НЛП – 13,42%, ССР – 12,18%, СОС – 7,21%, ДСУР – 6,42%, ПОТ – 6,34%. Во Сенатот резултатите се слични: СДП – 22,63%, АУР – 18,16%, НЛП – 14,40%, ССР – 12,08%, СОС – 7,62%, ДСУР – 6,47%, ПОТ – 6,27%.

Дијаспората покажала силна поддршка за АУР и ССР, според телевизијата „Диги 24“. Во странство, АУР доби 25,66%, ССР – 21,57%, а новата партија ПОТ 13,69%. СДП доби само 3,17% од гласовите на романските граѓани во странство.

Изборната активност на национално ниво изнесуваше 52,33% до затворањето на гласачките места.

Можете да прочитате

Дијана Хрка го продолжува штрајкот со глад, на Вучиќ му одговори дека нема да му прости

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

Судир меѓу автобус и автомобил во Србија: Има загинати и повредени