Утрински Весник
Свет

Седум новороденчиња загинаа во пожар во детска болница во Њу Делхи, соственикот е во бегство

1716696340 New Project.jpg

Голем пожар избувна во приватна детска болница во источен Делхи, при што загинаа седум новороденчиња, а пат се спасени, соопштија властите во неделата.

Претставниците на пожарникарските служби во Делхи (ДФС) изјавија дека пожарот избувнал во болницата Baby Care New Born околу 23:30 часот во саботата и набрзо се проширил во две други соседни згради. Причина за пожарот е експлозија на боци со кислород што се чувале во двокатницата, поради што биле оштетени соседните згради, рече тој.

Шефот на ДФС, Атул Гарг, рече дека 12 новороденчиња биле спасени од медицинската установа, но седум од нив починале.

Пет бебиња се на лекување во друга болница, рече тој, додавајќи дека некои од нив се здобиле со полесни изгореници.

Според очевидци, први на помош притрчале мештаните и членовите на невладината организација Шахид Сева Дал. Некои жители се качија на зградата од задната страна и спасија некои од новороденчињата.

Член на Сева Дал тврди дека болничкиот персонал побегнал набргу откако болницата се запалила.

Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.

Пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек. Надлежните најавија дека секој што ќе биде одговорен ќе биде најстрого казнет.

Можете да прочитате

Масовна тепачка во затвор во Грција – најмалку едно лице убиено

Марк Руте и официјално нов генерален секретар на НАТО, Столтенберг заминува од чело на Алијансата по 10 години

Трамп подобар кандидат за економски прашања, Бајден за зачувување на демократијата